Касато торта за 15 минути

Оваа торта се прави брзо и лесно. Можете да ја направите на неколку начини. Еве еде од нив.

Состојки:

100 чоколадо за готвење

100 г млечно чоколадо

1 кг бисквити

250 г шеќер

125 г путер

300 г желе бонбони

200 г ореви сечкани

1 л млеко

100 г суво грозје или чоколадни бананчиња

2 ванилин шеќер

2 лажички рум (по желба)

Припрема:

Искршетеги бисквитите и ставете ги во длабок сад. Млекото, маргаринот, двете врсти на чоколадо, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во тенџере. Потоа ставете го на шпорет и мешајте додека состојките не се соединат, а млекото не врие. Пред да го тргнете тенџерето од шпоретот, додадете две лажици рум. Готовата смеса за касато тортата ставете ја врз искршените бисквити и додајте исецкани желе бомбони, ореви и чоколадни бананчиња, суво грозје. Мешајте додека бисквитите не се соединат со смесата за торта. Смесата ставете ја во калап за торта и оставете ја да се лади во фрижидер.  Откако ќе ја извадите можете да и ставите шлаг, чоколадо и ореви или кокос. Изборот е ваш.

Добар апетит!

new nike air max 2019