Картофилска изложба во Музеј на македонската борба по повод 11 Октомври

Изложбата ќе биде отворена денеска во холот на Музејот на македонската борба.

По повод Денот на востанието, 11 Октомври, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена картофилска изложба на Бранислав Светозаревиќ под наслов „Социјалисти и комунисти – револуционери".

Изложбата ќе биде отворена денеска напладне во холот на Музејот на македонската борба.

Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е автор на триесеттина научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.