Карфиол: Моќен зеленчук кој спречува рак, го намалува холестеролот и го чисти целиот организам

Карфиолот содржи многу состојки кои делуваат против многу болести и ги регулираат хормоните. Нутриционистите истакнуваат дека е особено делотворен во превенција на ракот на дојката и дебелото црево.

Овој зеленчук содржи малку јагленохидрати (5%), малку белковини (2.5%), водата и диететски влакна. Во карфиолот има многу витамин Ц, а од останатите содржи витамин А, Б1 и Б2. Од минералите и олиголементите најзастапенти се калциум, калиум, фосфор и железо. Богат е со антиоксиданти.

Ги штити дојките

Карфиолот има естрогенска активност – влијае на нивото на естрогенот. Жените кои редовно конзумираат карфиол имаат многу мал ризик за заболување на рак од дојка. Постојат истражувања кои покажуваат дека внесувањето на големата количина карфиол може да помогне во намалување на фиброцистичните промени на дојките.

Го чисти организмот

Антиоксидантите кои ги содржи го ослободуваат организмот од штетните материи настанати поради лошата исхрана, но и штетните материи од животната средина, како и зрачењето.

Борец против ракот

Антиоксидантите ги спречуваат мутациите на клетките кои можат да доведат до малигни заболувања. Посебно е силно дејството на ракот на дебелото црево. Конзумирањето на карфиолот може да го спречи настанувањето на полипи и рак.

Го намалува холестеролот

Тој е добар извор на растворливи влакна кои ја намалуваат апсорпцијата на холестеролот и неговото ниво во крвта. Го намалува и ризикот од настанување на срцеви заболувања.