Караванот на слободата со спектакуларен концерт во Скопје

Во сабота, 1 октомври 2016, Караванот на слободата ќе одржи голем мултимедијален настан на скверот Јадран во Скопје.

Настанот ќе започне напладне, со ДЈ сетови со песни за слободата и видео проекции.Од 20 часот, на големата сцена ќе следуваат настапи на Кристина Арнаудова, Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Шутка Рома Рап, Лилит и Амон Мра и Мугер Фугер.

Помеѓу музичките настапи, публиката ќе може да ужива во поетските перформанси на Елена Пренџова, Дарко Лешоски, Дијана Тахири, Рина Јанкуловска.

За време на целиот настан ќе се одржува уметничка работилница на отворено со Мирослав Стојановиќ - Шуки, Касиопеја Наумовска и Тома Димовски, како и многу други мултимедијални содржини.