Какво време нѐ очекува за Први мај?

До петок во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, со утрински температури во постепен, а дневните во позначителен пораст. Облачноста од ноќта кон сабота ќе се зголемува и во наредните денови ќе донесе постудено време и врнежи од дожд.

За време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Од недела ќе започне да дува северен ветер, кој ќе донесе мало спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.