Какво време не очекува во текот на денешниот ден?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а претпладне на југозапад со умерен западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната температура од 25 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 степени.

Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот, а тогаш се очекува и умерен до засилен ветер од југозапад