Какво време не очекува денес и во наредните денови?

Од денеска попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините ќе врне снег, а во недела ќе има врнежи од слаб снег и на некои повисоки места, особено на запад и на север.

Под влијание на северно воздушни струење од недела се очекува температурите значително да опаднат, така што веќе од почетокот на следната работна недела утринските температури ќе бидат под нулата.

Максималната температури ќе се движат во недела од три до 10 степени, во понеделник од минус еден до пет, во вторник од минус два до четири, во среда од минус два до пет и во четврток од минус еден од шест степени.