Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

За време на викендот времето ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, претежно југозападен ветер.

В понеделник ќе биде топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови.

Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд.

Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.