Какви се хороскопските знаци како родители?

Хороскопските знаци и нивниот однос кон нивните деца, начинот на воспитување и нивните очекувања од нив.

Овен – спортски игри, филмски маратони, јадење на кул места, им ја покажуваат авантуристичката страна на детството, а понекогаш децата забораваат дека постојат правила. Тие се одлични родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Вага.

Бик – тие ги облекуваат во фенси алишта, им прават домашно убаво какао, прават лего коцки со нив или заеднички прават работи во дворот или околу мебелот. Тие прават сериозни разговори со нив, ги набљудуваат сериозно додека растат и секогаш го сакаат најдоброто за нив, дури и претеруваат во тоа. Тие се меки родители кои многу ретко викаат.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Риби.

Близнаци – им читаат приказни пред спиење, го претвораат домот во мала џунгла дозволувајќи им го хаосот, им дозволуваат да ги користат и сериозните работи од домот и скапата технологија како нивни играчки. Тие се родители кои обожаваат да си играат со своите деца, без граници.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Лав.

Рак – обожаваат долго да зборуваат со своите деца, да играат со нив во парк или на плажа, да ги носат на своето работно месо и да им пеат песни и читаат приказни пред спиење. Тие се родител кој сака да биде присутен во секој аспект од живеењето на своето дете, но и многу чувствителен родител.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Јарец.

Лав – тие обожаваат утрински истегнувања, начо ноќи, да ги учат децата да приготвуваат чај или различни јадења, да ги научат да возат за прв пат. Тие се страствени родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Близнаци.

Девица – сакаат да берат цвеќиња со своите деца, да одат на планини, да живеат во мал град и постојано да конзумираат здрава храна. Тие креираат голема магија за празниците и се многу нежни родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Скорпија.

Вага – тие заедно со своите деца ги бојадисуваат ѕидовите, прават различни уметности и ги учат како да се облекуваат добро. Тие се родители кои одлично ги изразуваат своите чувства и кои овозможуваат многу љубов за своите деца додека тие растат.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Овен.

Скорпија – тие им овозможуваат право на своите деца самите да носат одлуки,  ги носат на мали концерти, па потоа и на големи, слушајќи многу музика со нив. Им даваат тајни поддржувачки насмевки кога тие се соочуваат со трема или некаков страв. Тие се адаптибилни родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Девица.

Стрелец – им овозможуваат на своите деца стабилност додека растат, им дозволуваат да ја бојадисаат собата во бојата која тие ја сакаат, ги носат на мотоциклистички трки и мали одмори насекаде. Тие се забавни родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Водолија.

Јарец – ги учат своите деца како да прават листи, како да се справат со високите надежи и очекувања и им нудат многу охрабрувања. Ги учат како да користат технологија и заеднички со нив прават појадок за време на викендот. Тие се охрабрувачки родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Рак.

Водолија – тие прават змејови со своите деца и ги носат на планина и на различни неочекувани, но креативни и инспиративни места. Ги носат на места каде можат да научат различни работи и притоа им држат лекции. Тие се тешки и строги, но одлични родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Стрелец.

Риби  – пишуваат приказни со нив, им помагаат да ја напишат домашната, ги учат да возат и заеднички готват и свират инструменти. Им покажуваат дека веруваат во нив и се многу силни родители.

Највеќе си одговараат со родител од знакот Бик.