Какви проблеми им предизвикува Фејсбук на денешните врски и бракови?

Порано, нештата беа многу едноставни. Денес, една просечна двојка може долго да се расправа поради Фејсбук. Се чини како најголем дел од проблемите да произлегуваат од оваа друштвена мрежа.

Кавги поради премногу време поминато на Фејсбук

Или едниот или другиот партнер минува премногу време на Фејсбук и тоа предизвикува кавги. Тогаш, се јавуваат проблеми поврзани за незаинтересираноста на еден од партнерите за врската, но и сомнежи за евентуално неверство.

Споделување приватни работи со сите на Фејсбук

Понекогаш се случува една од личностите или пак двете да сакаат сите нешта од својот приватен живот да ги споделуваат на Фејсбук. Многу почесто се случува, едната личност да е таква, а другата попретпазлива и тогаш настануваат кавги. Едната личност смета дека тоа е претерано, додека пак другата се лути за тоа дека партнерот не споделува доволно.

Споредба на врската со другите врски

Доколку една девојка го постира својот букет цвеќе кој го добила од дечкото, тогаш кај друга можеби ќе се јави завист дека таа не е доволно ценета во својата врска. Во тој случај, постојано се прават споредби и се добива впечаток дека другите врски се многу посреќни.

Фотки кои се како темпирана бомба

Фотките со бившите се еден проблем, но дополнителен проблем се и оние од излегувањата или пак (за многу врски) слики со колегите. Секоја страна си ги толкува работите на свој начин, а најчесто вистината е некаде на средина.