Каква иронија на судбината!

Миленикот на многу деца, но и возрасни, тажен и осамен зад валкани решетки. Мајмунчето Лука денеска е во битолската ЗОО во кафез со погледот надолу без ни капка жар во своите очи. Депресија и тага е сликата која сега го симболизира Лука, мајмунче кое преку фотографиите на фотографот Горан Анастасовски стана светски вирален хит. 

„Каква иронија на судбината!
Фотографијата „Мајмунчето Лука со банана“, на Anastasovski Goran, пред два месеца се најде во изборот на британскиот весник "Дејли мејл" на највесели фотографии од животни на последната деценија.
На втората фотографија е мајмунчето Лука деновиве во неговото "живеалиште" во битолската ЗОО.
Малечкото мајмунче Лука беше напуштено од својата мајка, па поради тоа, чуварите од Зоолошката градина во Скопје го зедоа под своја заштита и го опсипуваа со љубов и нега.
И така, се' до денот кога го одведоа Лука во Битола“ - напиша колешката на фотографот Горан, Сузана М. која и ги сподели фотографиите од Лука.