Каков маж сакаат жените?

Ако нешто сака жената, тогаш сака кога ќе почувствува дека немаш страв
ниту од неа, ниту од животот
тоа е она што ѝ е потребно, конечно некој посилен од неа,
да ја поведе и заведе, а не само таа некого да води и заведува
и во креветот, а и во животот.

Кога ќе почувствува дека имаш храброст.
И за неа.
И за многу други работи.

Кога ќе почувствува дека може да те следи, а не само ти да ја следиш неа.
Кога ќе почувствува дека може да ти се восхитува, а не само ти да се восхитуваш од неа.
Кога ќе почувствува дека сретнала некој рамен на себе.
Доволно луд и нормален да ја следи.
Да се следат заедно.
А да не да се влечат еден покрај друг. 

Тоа е она што го сака жената:
Маж со кој нема да ги споделува неговите стравови,
туку победите. 

Кој нема да ја влече надолу со своите приказни,
туку ќе ја подигнува. 

Во кој нема да ги бара причините за своите порази,
туку за победите. 

Кој ќе ја прави поголема, а не помала.
Жена, а не слугинка.
Паметна, вредна, силна, а не помалку вредна. 

Тоа е она што го сака жената и го чека
мажот
доволно силен за да ја заведе и одведе. 

Таму каде што долго време не била.
А можеби и никогаш. 

Во царството на слободата и љубовта по кое секогаш копнеела
вечно прилагодувајќи се на другите
кои се учеле на неа, но од неа ништо не научиле:
Како се сака,
Како се пристапува на една жена
Како да ја направиш жената среќна.

Потребен ѝ е некој кој ќе ја препознае неа,
вистинската, посебната
онаква каква што е. 

Без страв, криење, преправање.
Да биде вистински, за и таа да почувстува дека е вистинска.
А не да им угодува на погрешните и да прави од нив нешто што не се
И што никогаш не ни биле. 

Таа чека маж за кого не постои: не можам, не знам, не сум сигурен.
Маж кој е во состојба да сруши сѐ пред себе.
Маж со кого сѐ е возможно. 

Маж кој знае да се снајде и да се пронајде во сѐ.
Кој не се повлекува пред животот и другите.
Кому целиот свет е негов дом, а не четирите ѕидови во кои е затворен. 

Маж кој знае да работи и заработи.
А не вечно да ги обвинува другите.

Маж кој е стабилен во главата, а не само во телото,
тоа чека,
тоа го сака,
но никако да го дочека,
вечно мора да слуша некакви неуверливи приказни,
жалења, преправања, како не чини ова или она. 

А тие не чинат, поточно не се доволно добри,
затоа што го немаат она нешто,
сила за да се изборат за она што им треба. 

Пред сѐ за себе,
но и за неа, за нив двајца заедно.

Доста им е од губитници.
Доста им е од кукавици.
Сакаат маж, маж со големо М.
Покрај кој конечно ќе почувствуваат дека се жени
Вистински жени

~ Стефан Симиќ