Каков маж и треба на силната жена?

Од жените се очекува да се вклопуваат во одредени параметри или ниту еден маж нема да ја смета за привлечна или нема да биде заинтересиран за неа. Ова е причината поради која луѓето мислат дека ако жената е сама, тогаш сигурно нешто не е во ред со неа.  Можеби и недостасува шарм или можеби нејзината облека и шминка не е привлечна за мажот или можеби нејзиниот хумор не е интересен.

Жената секогаш мора да се менува себеси за да се вклопи во идејата за тоа што е маж, во спротивно неа ќе ја фати клетвата на самотијата. Но, во реалноста, жената со силен карактер нема да се грижи многу за овие очекувања и би го откачила мажот кој има вакви очекувања наместо да посакува да биде предмет на неговата љубов.

Жените кои сакаат да бидат тоа што се не умираат да се вклопат во одредени стереотипни стандарди. Тие нема да се двоумат дали гласно да ги искажат своите ставови и мислења.

Овие жени веруваат во себе и не им треба маж за да ги убеди да си ја видат вредноста. Тие се сакаат самите себе. Жените со силен карактер и независен ум тешко се согласуваат со обичен маж. Маж кој е на исто ниво со нивните стандарди и нивните мисли, маж кој ги привлекува. На кратко, тие не можат да најдат маж кој може да направи да се заљубат.

Каде е мажот?

Маж, кој е самоуверен и кој не пати од криза на идентитет и поседува доволно индивидуалност за да биде синхронизиран со жена која има свој ум, која се познава себеси и која се сака себеси. Вакви мажи речиси и да не постојат.

Жената со независен ум ги знае своите ставови и стои зад нив. Таа сака маж чии мислења можеби нема да бидат како нејзините, но сепак може да ги почитува и да учи од нив. Тој треба да биде способен да води интелигентен разговор и да зборува на различни теми. Таа сака да биде предизвикана од маж кој знае да ги погоди вистинските жички во нејзиниот ум.

Дали тој може да се справи добро со неговото минато?

Секој има минато, па така и жените. Но, силната и динамична жена знае како да се справи со нејзиното минато и има капацитет да продолжи понатаму со крената глава. Неа не и треба никој да и ги лечи раните. Но, дали вистинскиот маж е способен да се носи со своето минато? Дали тој живее во сегашноста или неговиот ум се уште е залепен за минатото? На силната жена и треба маж кој научил од своето минато и продолжил понатаму.

Дали е тој вистинскиот?

Независната и силна жена не брза за да влезе во врска затоа што таа е во комплетна хармонија со самата себе и нејзиното постоење. Маж кој може да поттикне страст и оган во неа и да ја убеди дека врската со него ќе биде подобра од врската што таа ја има со самата себе е правиот маж за неа. Во спротивно, таа е среќна што е сама.

Дали може да ја импресионира во кревет?

Таа знае дека е одлична во кревет. Но, таа се прашува дали и мажот кој и се допаѓа ќе биде доволно добар.

Дали тој може да ја задоволи неа онака како што таа го задоволува него?

Дали тој може да направи таа да се чувствува сексуално жива? Дали може да и ги задоволи потребите со тоа што ќе и даде задоволство? Таа сака маж кој знае дека сексот не завршил додека двајцата не се задоволни.

 

nike air max 1 sale