Каков карактер имаат Скорпиите?

Скорпиите се родени во периодот на 23 октомври и 21 ноември. Тие се осмиот знак во хороскопот. Родените личности во овој знак се мистериозни и страствени луѓе со силна волја. Си нив управува Плутон и затоа се динамични, а често и екстремни во своите ставови.

Мажот роден во знакот Скорпија

Мажите родени во овој знак се мистериозни, но оставаат огромен впечаток кај луѓето. Тие имаат студен надворешен изглед, но во себе се многу чувствителни. Мажите родени во овој знак често се нерасположени и им е потребен емоционален простор. Тие се таинствени и другите луѓе ги држат на дистанца. Ја сакаат стабилноста на домот и обожаваат да минуваат време со оние кои им значат многу, а тие луѓе можат да се избројат на прстите на една рака. Можат да бараат многу од семејните односи, но тоа секогаш го прават од љубов. Кариерниот успех им значи многу, но никогаш не го мешаат со личен успех.

Жената родена во знакот Скорпија

Жената родена во овој знак е дури и претерано мистериозна. Дел од неа е како силен војник, а другиот дел како фатална жена. Има провокативна привлечност. Кога е задоволна од професионалниот или од личниот живот, или пак од двете, таа дава многу. Бара многу од другите, но и од себе. Секогаш се труди да биде подобра и изгледа како никогаш да не старее.

Детето родено во знакот Скорпија

Децата родени во овој знак често ги тестираат границите на сбоите родители. Како мали, тие се секогаш паметните во групата. Сакаат да постигнат моќ и да управуваат со другите. Како што растат и созреваат, овие деца учат како да управуваат со екстремните карактеристики на својот карактер. Генерално, размислуваат позитивно. Сакаат да научат како функционира светот и не се смируваат додека не го постигнат тоа.

Љубовници родени во знакот Скорпија

Често се мисли дека Скорпиите се преокупирани со секс, но тоа е само делумно точно. Скорпиите го сакаат сексот бидејќи за нив тој е дел од моќта, но во љубовта тие се премногу поврзани за оние кои ги сакаат. Нивната природа е комплицирана и стапуваат во некаков близок однос со друга личност, мислејќи на брак или пак на некаков друг вид на долгорочно поврзување.

Пријателите родени во знакот Скорпија

Како правило, овие пријатели се многу блиски со вас. Тие немаат огромен круг на пријатели и до себе ги сакаат само оние кои им значат. За да им значите, треба прво да ви веруваат. Често се осамени души кои сакаат сами да ги решаваат проблемите. Често се вели дека Скорпиите ги знаат сите тајни на другите, но никој не ги знае нивние. Скорпиите имаат голема мудрост во себе и во нив луѓето гледаат како на животни лидери или гуруа.