Како зрелите жени се справуваат со тешки луѓе?

За да бидеме успешни потребна ни е емоционална интелигенција. Емоционалната интелигенција ви нуди стабилност на долги патеки. Низ овој процес спознавате тешки и отровни личности кои ѝ се спротиставуваат на логиката и кои ја тестираат вашата животна сила. Тие луѓе предизвикуваат стрес и негативност, а еве како силните жени кои поседуваат емотивна интелигенција се справуваат со нив:

Тие поставуваат граници

Не можете да ги задоволувате сите, ниту пак да ги исполнувате очекувањата на луѓето. Кога ова ќе го сфатите и прифатите, ќе се ослободите од еден куп грижи, несигурности, чувство на помала вредност, потреба за признанија од другите луѓе и грижа на совест. Емотивно интелигентната жена се издигнува над хаотичните ситуации и се држи на дистанца од тешките луѓе. 

Тие се фокусираат на решенија

Наместо да се фокусираат на проблемите кои овие луѓе ги предизвикуваат, тие се фокусираат на можните решенија кои би ги подобриле околностите. 

Тие не забораваат

Некои велат дека искуствата се најдобри учители. Емотивно интелигентните жени тоа најдобро го знаат. Тие знаат дека претходните проблеми со тешка личност обично создаваат нови проблеми. Дури и кога мораат на таквите личности да им дадат втора шанса, тие ќе се обидат да се заштитат благодарение на знаењето кое го стекнале од претходните искуства. 

Тие ги прекинуваат негативните разговори 

Тешките личности се полни со негативност. Силните жени со емоционална интелигенција одбиваат да ја слушаат нивната негативност и избегнуваат да се впуштаат во разговори кои создаваат тензии и поттикнуваат негативни емоции. Сите знаеме како овие разговори можат да ни ја исцицаат енергијата, затоа не паѓајте во замките!

Тие се фокусирани на својата среќа

Емотивно интелигентните жени се среќни и сакаат да останат среќни. Тие ја пронаоѓаат среќата во својата душа, а не од надворешни извори, како мислењето на другите луѓе. 

Тие се држат до истомисленици за да добијат поддршка

Соочувањето со тешки личности кога сте сами и не е најдобро решение. Емотивно интелигентните жени имаат поддршка од луѓе кои ги почитуваат и кои можат да ги поддржат во тешки ситуации. Вие се дружите со такви луѓе, зарем не?