Како во бајка: Ова е најрозовата улица во Скопје

Улицата „Максим Горки“ во април внесува свежа и животна сила во секој што ќе помине низ неа, а на центарот на Скопје му дава посебен пролетен шарм и нежност. Чекорењето долж јапонските цреши во Скопје е како минување низ розова бајка во која посакуваме вечно да останеме.