Како стресот влијае на нашето севкупно здравје?

Опаѓањето на косата, неплодноста, проблемите со метаболизмот...голем дел од нив се предивикани од стресот кој секојдневно е присутен во нашиот живот.

Тој може да остави многу последици на нашето тело, а денес речиси не постои личност која не доживува барем малку стрес. Без оглед на тоа дали станува збор за нервози на работа, тешкотии во водење на семејството или врските, или пак финансиската ситуација, стресот ни влијае. Мал е бројот на луѓето кои се целосно имуни на стресот и кои можат да контролираат да не се изнервираат за работите кои се случуваат.

Еден од главните ефекти на стресот на нашето тело е лачењето на хормонот кортизол на надбубрежната жлезда. Во случај на хроничен стрес, телото е изложено на високо ниво на кортизол во подолг временски период, што може да го оштети нервниот систем и да влијае негативно на имунолошкиот систем.

Ваквите ефекти можат да предизвикаат оштетување на срцето, повишен крвен притисок и стомачни проблеми. Исто така, стресот придонесува и за прерано стареење на мозочните клетки. Тоа се  одразува и на состојбата на ткивото, коските, мускулите, нервите и предизвикува целосна токсикација на телото. Постојаната тензија во мускулите го убрзува таложењето на калциум од крвта во зглобовите што може да доведе до болки во телото и ревматизам.

Меѓу посериозните последици од стресот е и воочената неплодност. Најновите истражувања покажуваат дека  мажите кои се соочуваат со голем стрес потешко стануваат татковци, а можат да имаат и медицински проблеми со неплодност. Според овие студии, стресот е причинител на ниска концентрација на сперматозоиди, но и нивна деформираност и намалено движење. Неплодноста ги погодува и мажите  и жените, а кај припадниците на посилниот пол всушност квалитетот на спермата е клучен показател за плодноста, објаснуваат научниците.

Стресот влијае и на насобирање на масното ткиво во делот на стомакот. Доколку не сте активни, енергијата останува неискористена, па телото ја складира највеќе во делот на стомакот.