Како старите Грци ја лечеле нервозата и депресијата?

Старите Грци имале холистички пристап за справување со нервозата и депресијата.

Овој начин на живеење вклучува развој на здрави навики, правилна исхрана, редовни вежби и развој на позитивни мисли. Тие верувале дека за среќен живот потребно е да се грижиме истовремено за нашиот ум и тело.

Николас Кардарас е познат клинички психолог кој благодарение на истражувањата во областа на менталното здравје, негативните зависности и проучување на влијанието на современата технологија успеал да дојде до многу заклучоци за тоа што може да ни помогне да бидеме посреќни. Една од неговите најпознати книги носи наслов Платон, а во неа тој истакнува дека денес депресијата и анксиозноста се еден од најсериозните здравствени проблеми на човештвото.  Тој истакнува некои методи кои биле користени во Античка Грција.

Исхрана богата со омега 3 масни киселини

Намирниците како оревите, маслиновото масло, лососот и чија семето содржат високо ниво на омега 3 масни киселини. Неодамнешните истражувања покажуваат дека ваквите состојки придонесуваат за подобри мисли и подобро расположение.

Редовно движење

Во старите грчки гимназии, ги вежбале и умот и телото. Тие не ги раздвојувале едно од друго, а и двете страни се сметале за еднакво важни. Во денешно време често ја занемаруваме физичката активност и активниот начин на живот, односно градењето единство со окружувањето, природата и со себеси.

Сонце

Ова е еден од главните елементи на античка Грција. Ако внимателно размислуваме, ќе потврдиме дека посреќни сме на сонце. Но, сонцето е се поретко во нашето секојдневие. Денеска, минуваме многу време на работа и на места каде има вештачко осветлување и окружени сме со електронски уреди. Ваквиот вид на осветлување негативно делува на сонот, а со самото тоа и на нашето здравје. Поради тоа, треба често да бидеме изложувани на сонце, посебно поради регулацијата на витаминот Д во нашето тело.

Друштвени контакти

Јадењето и пиењето заедно со другите придонесува кон подобро чувство и ни помага да ја најдеме смислата на животот. Тоа значи дека се збогатуваме преку друштвените контакти. Луѓето со кои се дружиме треба да бидат правилно избрани бидејќи тие можат да ни донесат нови цели, виталност, енергија и оптимизам.