Како што старееш, почнуваш да живееш за моментите кои не се опишуваат со зборови

Како што старееш, твојот поглед кон светот станува сѐ побистар. Повеќе не ти е најважно да одиш на некои популарни места, ниту пак кого ќе видиш таму или кој ќе те види тебе. Доволна ти е твојата куќа, поглед кон зајдисонцето и личност со која ќе ги разменуваш твоите мисли. Потребна ти е една драга личност која ќе те разбере во тој свет и личност која и ти ќе ја разбираш без многу зборови, во тишина и без многу гестови. 

Како што старееш, повеќе немаш време да не им значиш на луѓето, па веднаш се оддалечуваш од луѓето кои не те почитуваат, луѓето кои те искористуваат и игнорираат. Сфаќаш дека убаво е да имаш пари, но уште поубаво е да го имаш својот мир и чиста совест, па повеќе не се грижиш околу тоа да најдеш уште некој дополнителен приход на пари. Почнуваш да уживаш во оние мали работи во кои секогаш можеше да уживаш, но не знаеше како...

Како што старееш, почнуваш да живееш за моментите кои не можат да се опишат со зборови. Повеќе не се грижиш околу тоа како изгледаш, што ќе облечеш, како ќе те гледаат другите, а од сето тоа, најважно ти е како се чувствуваш. Го ослободуваш срцето од замерки, не ја помниш секоја грешка и не очекуваш премногу од луѓето. Доволно ти е онолку колку што е потребно за живот, а сѐ повеќе од тоа ти е само бонус. Сфаќаш деќа среќата навистина е во малите работи. 

Како што старееш, животот ти станува поедноставен, повеќе не ги комплицираш работите и ги замолуваш комплицираните луѓе да те заобиколуваат.

Како што старееш, сфаќаш дека секој момент е скапоцен и повеќе не оставаш ништо на случајноста и почуваш да го правиш само она што те исполнува и те прави среќен човек. Не се грижиш околу тоа што зборуваат луѓето и како ќе те гледаат.

Сега уживаш во сознанието дека твојот живот е само твој и дека ти ги определуваш правилата во него.