Како се однесуваат хороскопските знаци за време на карантинот?

Додека сите апелираат да останеме дома, хороскопот на забавен начин ни покажува како се однесуваат хороскопските знаци.

Овен  - тој купува за себе, бидејќи се труди да има доволно. На Овните во овие времиња им е најважно да се безбедни и да не мора постојано да излегуваат за тоа што им недостасува. Некогаш паничат во однос на целата ситуација, но ги презираат другите кои го прават тоа.

Сепак, ако некој е подготвен во оваа ситуација, тоа се Овните. Тие имаат одговор на сите прашања, но и листа на сите намирници кои се потребни.

Бик – тој не планира да го напушти својот дом за ништо. Изолацијата им паѓа тешко на Биковите само ако немаат храна. Овој период е одличен за нив бидејќи им дава оддишка од луѓето. Се осврнуваат кон гледање серии, бидејќи тоа ги смирува. Тие секогаш играат на сигурно.

Близнаци – постојат 2 типа Близнаци. Едните минуваат време во изолација, така што го средуваат домот, библиотеката и гледаат вести со цел да останат информирани. Другите пак се постојано на социјалните мрежи, се трудат да контактираат со сите свои пријатели, па и познаници, но и да споделат со нив се она што знаат.

Рак – Раковите сакаат да минуваат време во својот дом и ова е добар период за нив. Единствено можат да испаничат ако имаат нешто што им недостасува, но тоа ретко се случува бидејќи тие се подготвени за ваквите ситуации. 

Светот на Раковите сега се креветот и кујната, па тие уживаат во времето поминато таму. Не им пречи што не излегуваат, тоа е сосема во ред додека ги имаат блиските од себе.

Лав – изолацијата им паѓа најтешко на Лавовите кои сакаат внимание и сакаат постојано да се некаде меѓу луѓето. Сепак, бидејќи многу се сакаат себеси, добро се држат до препораките и прифаќаат да се одрекнат од вниманието на другите луѓе барем на некое време. Сепак, затоа ќе објавуваат на социјалните мрежи тоа што им се случува постојано.

Девица – Девиците се најподготвениот знак. Тие ги имаат сите важни намирници дома, но и маски, алкохол и антибактериски средства. Тие се подготвени за оваа ситуација. Нивната парола е подобро да се спречи, отколку да се лечи

Вага – на Вагите им е само важно да не се сами. Тие не можат да поднесат да се сами во изолација. Не се грижат многу за тоа што ќе се случи бидејќи не сакаат да се замараат размислувајќи за иднината.  Супер би било за нив, ако имаат некој што може да се погрижи за тоа.

Шкорпија – тие се подготвени на се, но психички. Ним не им треба ништо, бидејќи знаат дека можат да се справат со секоја ситуација. Изолацијата им паѓа тешко само поради вежбањето, а ако дојдат ненајавени гости, Шкорпијата воопшто нема да ги прими во својот дом.

Стрелец – за Стрелците ова е период кога можат да се релаксираат, но и да ги испланираат сите следни патувања. Се занимаават со интернет, книги, документарци, вежбаат дома. Ретко можете да ги видите нерасположени и тие се најголемите оптимисти дека оваа ситуација ќе се среди брзо.

Јарец – тие ги сфаќаат сите нешта сериозно, па дури и изолацијата. Ќе направат план за работа, како ништо да не се случува. Не смее ништо да отстапи од нивниот распоред, бидејќи само така ќе имаат целосна контрола над ситуацијата.

Јарците ги презираат оние кои паничат за време на оваа ситуација и луѓето кои постојано се жалат дека им е досадно. Ако не работат, тогаш ќе средат некои работи по дома, кои ги планирале со години.

Водолија – Водолијата сака да биде сама, но во исто време да се дружи. Им недостасуваат пријателите, но ќе се трудат да комуницираат сонив постојано. Можеби и ќе закажат онлајн кафе. Ова е период кога Водолиите конечно ќе разработат некои идеи кои долго ги имале во себе.

Риби – Рибите сакаат да се дружат, но само кога тоа ним им одговара. Тие ќе се грижат дали имаат доволно храна и лекови, а веројатно и ќе волонтираат некаде. Не покажуваат голема грижа, освен ако тоа не е од помош. Лесно ќе се снајдат во изолација, со добри серии, музика и уметност.