Како пандемијата на коронавирусот влијае на вашето тело?

Поради пандемијата на вирусот, голем дел од луѓето се во домашна изолација подолго од еден месец. 

Стручњаците од Кинезиолошкиот факултет во Загреб предупредуваат на големите проблеми кои недостатокот на физичка активност и долгото седење дома го предизвикуваат на нашето тело и здравје. Ова истражување е спроведено за да ни покаже колку е важно да се посветиме на физичката активност штом сето ова заврши.

Тие посочуваат дека 30-дневната физичка неактивност придонесува кон слабеење на функцијата на срцето и нервите, се нарушува метаболизмот на глукозата, се намалува густината на коските и поставеноста на мускулите. 

Лука Милановиќ, вонреден професор на овој факултет и кондиционен тренер на хрватската фудбалска репрезентација посочува дека постои стручен консензус околу тоа дека важно е да имаме 5000 чекори дневно за да го одржиме своето здравје и добросостојба. Милановиќ истакнува дека таа физичка неактивност води и кон нарушување на емоционалното здравје, а топлото време и ослободувањето на ограничувањето на мерките е време кога треба да се потсетиме што е важно за нашето здравје.