Како најубаво се кажува: „Те сакам“?

Колку пати ви кажале: „Те сакам“? Колку пати тоа и го докажале?

„Те сакам“ е една од најубавите фрази на секој светски јазик. Нема личност која не сака да ги чуе овие зборови. Може ли да се каже поинаку? Може, дури и поубаво. Може да се каже и вака:

„Ќе те штитам. Ќе ја штитам нашата љубов од оние кои не ни посакуваат добро. Ќе бидам личност на која ќе можеш да ѝ веруваш. Ќе бидам твоето засолниште, твојата сигурна лулка. Секогаш ќе ти го чувам грбот. Секогаш можеш да се потпреш на мене. Кога ќе паднеш ќе ти помогнам да станеш и секогаш ќе се грижам да го добиеш она што ти е потребно. И ќе те почитувам. Твоето мислење, твојата личност, твоите соништа и желби. Ќе те почитувам поради сѐ она што си.  Ќе ти ги простувам и големите и малите работи, немарно изговорените зборови после напорниот ден. Ќе ти ги простам сите оние ситуации кога нема да бидеме свесни колку сме се повредиле еден со друг. Ќе го жртвувам своето  време за нешто што сакаш да го правиш. Секогаш ќе бидам среќен што си со мене.“

Во идеалниот свет, овие изјави би требале да доаѓаат во пакет со љубовта. Имало многу луѓе кои сме ги сакале, но токму поради недостатокот на почит, уважување и простување, на крајот сепак не сме останале. Повеќето од нас остануваат со луѓе кои ни простуваат, кои нѐ поддржуваат, кои нѐ задржуваат за да не паднеме, кои прават работи кои се многу повеќе од „Те сакам“. 

Бидете внимателни кога ги изговарате овие зборови. Прво обидете се да разберете што значат. Во спротивно, ќе остане само една од најубавите фрази и ништо повеќе од тоа.