Како најлесно да забележите отровна личност?

Повеќето од нас се трудат да ги избегнат отровните личности, но тоа понекогаш може да биде тешко. Отровните луѓе најчесто се шармантни, манипулативни и интересни личности.

Повеќето од нас не се трудат да бараат маани кај своите пријатели, туку се концентрираат на забавувањето и смеата.

Обично не сме ни свесни дека сме западнале во мрежата на отровната личност се додека не е предоцна. Па така се поставува прашањето, како да ги избегнеме отровните личности и како најлесно да препознаеме дека си имаме работа со таква личност?

1. Тие секогаш ја префрлаат вината на некој друг

Тие ја избегнуваат одговорноста во секоја ситуација и секогаш ја префрлуваат вината на некој друг. Ништо не е нивна вина. Никогаш. Оваа состојба на ум важи за секоја можна ситуација во која ќе се најдат, без разлика дали е расправија со саканите или направиле некоја грешка на работа.

2. Секогаш се фалат во форма на жалење

„Леле колку сум ослабена, се ми е широко“, „Значи толку многу работам, што немам каде да ги трошам парите.“ И ова оди до недоглед. И постојано е во форма на кукање, а во суштина се работи за добри работи кои и сакале да ги постигнат и направат.

3. Постојано ве прекинуваат

Освен тоа што прекинувањето ужасно оди на нерви – тоа е знак и дека нешто не е во ред. Постојано прекинување и надвикување значи дека тие сметаат дека нивните зборови се многу поважни од вашите. И тоа укажува на фактот дека ним и не им е грижа за вас и вашите чувства. Фактот дека ве прекинуваат значи дека таа личност не ве слуша, туку само чека да дојде нејзиниот ред за да зборува.

4. Постојано бара внимание

Отровните луѓе не можат да постојат без внимание, за нив тоа е како воздух. Нивната потреба постојано да бидат во центарот на внимание е навистина проблематично. Луѓето кои постојано бараат внимание значи дека длабоко во себе се многу несигурни и подготвени се на се само за да го добијат тоа внимание

5. Имат да кажат нешто лошо за секого

Ова се неверојатни луѓе. Постојано некого критикуваат, се нешто некому фали, овој бил ваков, оној бил онаков и едноставно сите се идиоти освен нив. Осудуваат секого за ситници, оговараат безмилосно... Треба да знаете дека оној кој постојано збори лошо за други луѓе пред вас, утре ќе збори лошо за вас пред други луѓе.

cheap nike air max 90