Како конечно успеав да се засакам себеси?

Ако некој некогаш ми понуди можност да можам да изберам да се сретнам со која било личност на светов, би се одбрала себеси, кога бев тинејџер. 

Би се вратила во минатото и прво би се смеела на глас, а потоа би се налутила. 

Го мразам фактот дека општеството мисли дека убавината има некаква стандарди.

Го мразам фактот дека луѓето мислат дека стандард за убавина се: празнина меѓу бутовите, долга светла коса, мал нос, светли очи и полни усн, долги нозе и слабо тело.

Го мразам фактот дека списанијата прво ни велат дека треба да се сакаме, а 5 страни подоцна, нудат различни диети за слабеење за да се чувствуваме подобро. 

Но, највеќе го мразам фактот што јас верував во овие работи кога бев тинејџерка. 

Го мразам фактот дека се нервирав за моето лице и тело. Го мразам фактот дека мразев како изгледам. 

Сега знам дека убавината нема стандарди. Убавината доаѓа во сите форми, бои и големини. 

Убавината доаѓа одвнатре и однадвор. 

Јас се гордеам со секоја мана. 

Се гордеам со тоа дека мојата вистина не е идеална, ниту пак мојата тежина, а и кожата не ми е најсјајна на светов, а дополнително имам и стрии. 

Но, јас се сакам себеси онаква каква што сум. 

Се гледам во огледало и ја гледам мојата убавина и се ценам себеси и мојот изглед.

Јас не сум како другите и во тоа лежи мојата моќ. 

Јас би требало ѝ удрам една заушка на тинејџерката која бев пред многу години, особено ако ја видам како плаче за нејзиниот изглед. 

Убавината не значи да бидеш совршен, затоа што совршенството е илузија. 

Убавината е уметноста да се прифатите себеси онакви какви што сте и со тоа ќе направите и другите да ве прифатат...