Како конечно да излезете од улогата на жртва?

Ако припаѓате на групата луѓе кои често се жалат и велат работи од типот: „Колегите не ме ценат, шефот ме искористува, сопругот/сопругата ми приговара, децата не ме слушаат, пријателите се дружат со мене од корист, итн.“ треба да знаете дека сте влезени во шаблонот на жртва.

Време е конечно да излезете од таа улога. Некој кој постојано се жали од другите и ги обвинува сите други поради тоа што не успеал во некое поле во животот е човек кој се става себеси во улогата на жртва. Освен тоа, кога велите дека некој друг направил да се чувствувате лошо, тогаш својата моќ ја ставате во туѓи раце и дозволувате другите да ве искористуваат и да влијаат на вашите чувства.

Треба да сфатите дека другите секогаш ќе ве третираат онака како што вие им дозволувате. Несвесно им дозволувате да се однесуваат лошо кон вас затоа што не сте изградиле самопочит и сопствен интегритет. Научете да се цените себеси, па и другите ќе го следат вашиот пример.

Не се однесувајте, не се чувствувајте и не размислувајте како жртва, затоа што така само допринесувате кон тоа и другите луѓе така да се однесуваат кон вас за вие постојано да се чувствувате како жртва. Така ќе се заглавите во еден маѓепсан круг, а потребно е само малку свест и волја да го промените тоа за конечно вие да бидете господари и креатори на сопствената реалност, а не само неми набљудувачи.

Вашиот живот секогаш е одраз на вашата потсвест, на вашиот начин на размислување, секојдневните навики и однесување и никој, освен вас, не е одговорен за она што ви се случува и затоа е неразумно да ги обвинувате другите за сопствените неуспеси.