Како изгледаат новите банкноти од 100 и 200 евра? (фото)

Новата верзија на банкнотата од 100 и 200 евра се заштитени од фалсификување и се помали димензии, со што ќе биде полесно да се ставаат во паричникот и ташната.

Банкнтите имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите.

Големината на банкнотите е еднаква со онаа од 50 евра.

Банконотите ќе бидат пуштени во оптек на 28 мај следната година.