Како да знаете дека некој ве лаже? Очите откриваат многу повеќе одошто мислите

Ако се прашувате дали некоја личност ве лаже, треба да обрнете внимание на нивните очи. Тие откриваат многу повеќе од зборовите.

Гледајќи некоја личност директно во очите може да ви помогне да дознаете повеќе одошто мислите. Можете да откриете дали на таа личност и е драго што ве гледа или не, дали е под стрес, дали е среќна,но и дали ја зборува вистината.

Ова се советите на експертите:

Зеници

Можете да го контролирате изразот на лицето, но зениците откриваат многу за вас, односно дали ви се допаѓа тоа што го гледате и дали ја кажувате вистината. Многу истражувања покажуваат дека зениците се зголемуваат кога ја гледате личноста која ви се допаѓа. Кога гледате некој што не го сакате толку, зениците се намалуваат. Исто така, тие се намалуваат и кога сте под стрес.

Движење на капаците

Колку што повеќе се движат очните капаци, толку на некоја личност и е непријатно. Иако тоа може да биде показател на стрес и некаква здравствена состојба, сепак во многу случаи тоа зборува за чувствата на одредена личност.

Гледање во очи

Голем дел од нас веќе знаат дека поголеми се шансите дека сме излажани  ако некоја личност не нѐ гледа во очи. Сепак, исто така лутањето на погледот и движењето на очите горе-доле исто така е знак дека личноста лаже.

Трепкање

Во некои случаи трепкаме почесто поради различни причини, но многу честото трепкање е показател дека личноста лаже.