Како да заштедите за хит дестинации ова лето?

Имате Cashback? Ви ги препорачуваме Грција, Египет или Турција

Сакате да резервирате летувања, аранжмани во Македонија или странство, авиобилети, саемски патувања, спортски настани, забавни манифестации во странство, училишни екскурзии и што друго и да ви падне на ум, а притоа и да заштедите? Едноставно, не постои некој што не го посакува истото, меѓутоа сега Cashback World може да одговори на сите овие барања.

Преку соработката со туристичките агенции Игуана травел, Елит травел, Атлас, Турист и Ариес травел, како дел од многуте трговски партнери на Cashback, верувале или не, можете да заштедите дел од вашите средства на аранжманот што ќе го одберете, но и да добиете дополнителни Shopping Points кои ќе ви донесат уште поголеми попусти на вашите патувања.

Кои се хит дестинациите кои привлекуваат голем број на туристи секое лето?

Грција е вечна хит дестинација со која што дефинитивно не можете да погрешите. Доколку сакате да патувате со вашето семејство, ви го препорачуваме прекрасното традиционално приморско место Афитос на првиот крак на Халкидики. Ова преубаво гратче, познато уште како „Мала Италија“, привлекува многубројни туристи од целиот свет, но, сепак, успева да го задржи традиционалниот карактер и е одличен пример за традиционалната грчка архитектура. Полно со прекрасни таверни, барови и кафулиња каде што се служат локални специјалитети и освежителни коктели, но и беспрекорно чиста вода, Афитос несомнено нуди уживање за целото семејство.

Доколку пак повеќе сте љубители на ноќниот живот, ви го препорачуваме Скијатос. Овој прекрасен мал остров има преку 60 одлични плажи кои го одземаат здивот, но и одлична забава и концерти за младите. На Скијатос ќе уживате во природната убавина, бескрајните маслинови градини, шумите, медот, виното, зачините и овошјето и едноставно, ќе посакате да останете таму вечно. Доколку се одлучите да патувате на овој остров, топла препорака: резервирајте бродска тура и дополнително посетете го соседниот остров Скопелос.

Египет, пак, е одличен избор за оние кои сакаат подалечни и поексклузивни патувања, па токму оваа земја ќе ви гарантира незаборавни моменти и доживувања. Главниот туристички центар и втор град по големина Хургада нуди голем избор на луксузни комплекси покрај топлото Црвено Море, богата историја и пустински убавини, а при престој во оваа дестинација ќе имате голем избор и на забавни активности како нуркање, посета на аква паркови, спа центри и базени.

Доколку ви се допаѓа ваков тип на малку „поориентален“ одмор, Турција е исто така хит дестинација што не смеете да ја пропуштите. Неверојатна храна, рајски плажи, кристална вода, љубезни и пријатни домаќини, археолошки места, музеи и чуда на природата, се главните одлики на оваа волшебна земја. Анталија, Аланија, Белбек, Лара и Сиде се само дел од градовите посетувани од страна на туристите од целиот свет. Во Турција едноставно добивате најмногу за вашите пари, а квалитетот на сместувањето, храната, и локалитетите што ќе ги посетите, дефинитивно вредат за она што сте го вложиле.

Без разлика на вашиот избор за одмор ова лето, сите овие летни аранжмани се достапни во Игуана травел, Елит травел, Атлас, Турист и Ариес травел, а она што е неизбежно за да добиете дополнителни попусти при уплата на вашиот аранжман, е да ја приложите вашата Cashback картичка, и вашиот попуст како и шопинг поените ќе бидат автоматски пресметани.

Доколку пак сѐ уште не сте зачленети во Cashback, тоа можете да го направите брзо, едноставно и бесплатно и со вашата регистрација, всушност, ќе можете да ги искористите Cashback предностите кај повеќе од 80.000 партнери од целиот свет.