Како да се ослободите од подуениот стомак?

Подуеноста во стомакот е природен процес на телото. Во нормална состојба, речиси половина од желудникот е полн со гасови. Воздухот во стомакот е резултат на работата на стомачните микрофлора микроорганизми – бактерија која помага при процесот на варење. Колку  му е потешко на стомакот да ја вари храната, толку повеќе гасови ќе се произведуваат.

За среќа има многу начини како да се ослободите од подуениот стомак кои истовремено ќе му помогнат на стомакот да работи подобро.

И здравите луѓе имаат проблем со подуеноста, па затоа не се грижете, еве неколку совети:

Секое утро пијте чаша млака вода со лимон

15-30 минути пред оброкот пијте лимонада. Ова помага при нормализирањето на желудочната киселина и спречува создавање на гасови во желудникот. Лимонот содржи многу витамин Ц.

Не пијте млеко и кафе за доручек

Млекото го поттикнува лачењето на желудочна киселина и го зголемува нивото на киселини. Не го третирајте млекото како пијалок, тоа е храна и тоа тешка. Изберете кефир или јогурт бидејќи тие содржат пробиотици кои и помагаат на стомачната бактерија во дигестивниот процес. А што се однесува до кафето и млекото тие му влијаат на стомакот речиси на ист начин како и млекото.

Не пијте вода за време на оброкот

Пијалоците кои ги внесувате за време на оброкот ја разводнуваат желудочната киселин и концентрацијата на ензими кои се одговорни за варење на храната. Па така, храната се вари подолго и процесот на фермантација може да започне. Последица од ова се зголемени гасови и подуеност.

Не пијте алкохол на празен стомак

Алкохолот го стимулира производството на желудочна киселина, а тоа помешано со недостаток на храна, ја забавува работата на стомакот и цревата. Ако пиете, прво осигурајте се дека стомакот не ви е празен.

Пијте чај од ѓумбир

Ѓумбирот го смирува стомакот и го намалува создавањето на гасови. Исто така ја разредува крва и ја подобрува циркулацијата

Не јадете нездрава храна

Брза храна и слатки се тешки храни и остануваат во стомакот за време на варењето. Колку е потешка храната за варење, толку повеќе гасови се создаваат.

Не јадете „воздух“

Кога јадеме брзо, зборуваме додека јадеме, лошо џвакаме, пиеме засладени сокови, џвакаме мастики или пушиме, голтаме воздух. Не е опасно, но води кон подуеност и гасови.

Опуштете се, спиете добро и медитирајте

Анксиозноста и стресот водат кон прекршување на цревниот мотилитет. За да се носиме со тоа мора да се опуштите. 15-20 минути медитирање го смирува умот, стомакот и срцето и ја нормализира циркуацијата.