Многу често луѓето, свесно или несвесно, кажуваат навредливи работи на прилично суптилен начин. Ги забележувате, но не знаете како да реагирате. На пример коментари како: „Имаш толку убаво лице, уште да изгубиш 10 килограми, топ би било.“ или „Мислам дека подобро ќе беше друг да ја заврши работата, ама не е толку лошо, ќе пројде.“
Некои овие работи ги кажуваат за да ве испровоцираат на суптилен начин и за да ве изнервираат, некои навистина не размислуваат што ќе кажат и не се свесни за тоа. Понекогаш е корисно да ги процениме намерите на другите пред да одлучиме како ќе реагираме.
Денес ви предложуваме 5 корисни начини за како да изреагирате на суптилни провокации:
Игнорирајте го коментарот
Премолчувањето не значи дека дозволувате да ве газат. Понекогаш, премолчувањето е еден од најдобрите начини како да не се издадете или да не ја предадете вашата моќ. Тоа испраќа порака која вели: „Толку не го ценам твоево мислење, што нема ни да го удостојам со коментар.“ А и тишината спречува понатамошни конфликти и расправии.
Кога да го користите ова: Ова е добра тактика за употребување кога знаете со сигурност дека некој само сака да ви го привлече вниманието. Не паѓајте во замката.
Кажете благодарам
Не е потребно да ги оправдувате вашите избори кога некој ќе ве навреди, особено кога вашиот одговор не може да ја подобри ситуацијата. Наместо да влезете во дебата за тоа зошто коментарот е нељубезен, едноставно кажете: „Благодарам.“ Ова понекогаш е најдобриот начин за да се продолжи понатаму.
Кога да го користите ова: Овој пристап е најдобар кога луѓето несвесно даваат провоцирачки коментар. Пример, кога баба ви ќе ви каже дека конечно сте нашле нормална работа и дека тоа претходно било само губење на време (иако вам ви била посебно драга работата), еднставно насмевнете се и кажете: „Благодарам.“
Фатете се за позитивниот дел на коментарот
Критиките се важни за нашиот развој, но не и како се прикриени навреди во вид на комплимент. Кога се фаќате за позитивниот дел на коментарот, вие покажувате дека пасивно-агресивната комуникација не е ефективна.
Кога да го користите ова: . Наредниот пат некој ќе ви каже: „Заврши одлична работа, со оглед на тоа колку време ти требаше да го завршиш тоа“, вие кажете: „Драго ми е што Ви се допаѓа сработеното.“
Директно соочете се со личноста
Овие коментари можат да бидат штетни за меѓучовечките односи, па затоа, ако добивате коментари од блиска личност, најубаво е веднаш да се соочите очи во очи и да кажете како се чувствувате. Ако не сакате овие коментари да ви влијаат на пријателство или врска, морате јасно и гласно да го кажете тоа.
Кога да го користите ова: Наредниот пат кога другарка ви ќе ви каже дека добра е кошулата бидејќи ви ги крие бутовите, кажете и дека не мора до детали на навлага за тоа зошто ви е добра кошулата.
Хуморот е секогаш одлична алатка
Понекогаш најдобрата работа којашто можете да ја направите е да не се земате себеси, ниту пак коментарот премногу сериозно. Личноста која го дава можеби не знае како да се справи со сопствените емоции, а можеби пак се трудат намерно да ве повредат. Одговорете со хумор.
Кога да го користите ова: Кога колега или колешка ќе ви каже: „Честитки за унапредувањето, можеби сега ќе научиш да се опуштиш малку“ одговорете со саркастично и голема насмевка на лицето.