Како да откриете дали имате прекумерна тежина?

Научниците од Универзитетот во Оксфорд откриле нов и едноставен начин да одредите дали имате прекумерна тежина.

Земете врвка која одговара на вашата висина. Пресечете ја на половина, а потоа замотајте ја околу вашиот струк.

Ако можете да ги споите краевите на преполовената врвка – сè е во ред со вас. Токму така, обемот на вашата половина не смее да биде поголем од половина од вашата висина.

Овој тест го поминале 3.000 испитаници и на тој начин научниците ја потврдите ефикасноста на методата. Индексот на масата на телото не дава точна слика секогаш, бидејќи претставува само формула.

Но, според научниците, струкот не може да ве излаже.