Како да не го уништите својот живот?

Престанете постојано да се грижите

Грижата често ги влошува работите. Колку повеќе мислите на лошите работи, поголеми се шансите дека навистина ќе се случат. 

Намалете со внатрешните коментари

Ако сакате да бидете среќни, престанете да зборувате лошо за себеси. Ние сме несовршени суштества и немаме способност да спознаеме што се крие во умовите на другите луѓе. 

Не го слушајте внатрешниот критичар

Бесмислено е да се осудувате самите себеси. Осудувањето на другите исто така е бесмислено. 

Престанете да се чувствувате виновно

Променете го делувањето ако мислите дека треба да го направите тоа. Вината нема да ги промени работите. Едноставно ослободете се од чувството на грижа на совест и не се вртете назад. 

Престанете да се грижите околу тоа што мислат другите за вас

Луѓето и настаните се само тоа: луѓе и настани. И ништо повеќе од тоа. Освен тоа, повеќето луѓе се фокусирани самите на себеси и не би се грижеле толку за да зборуваат за вас. Па дури и да зборуваат, зошто би се грижеле околу тоа?

Не се грижете околу тоа што вашиот живот и кариера не одат онака како што сте планирале

Колку повеќе строго се држите околу некаков план, толку се поголеми шансите дека ќе нешто ќе тргне наопаку. Светот секојдневно се менува и ние мора да се прилагодуваме на околностите.

Не дозволувајте другите да ве користат како изговор за избегнување на сопствената одговорност

Не можете да бидете одговорни за туѓата среќа или успех, ниту пак тоа можете да го постигнете за нив. Нека си се снаоѓаат како знаат и умеат. 

Не се грижете за вашето его

Егото е измислен концепт и чиста илузија. Тоа не сте вие. Вие сте чиста душа. Спознајте го своето вистинско јас.