Како да направите еден маж да се чувствува сакано?

Иако зборувам само во мое име, а не во името на сите мажи, имам чувство дека повеќето од овие совети се универзални.

Жената којашто доволно се грижи за мене за да обрнува внимание на моите чувство е тоа што сакам да го имам во животот. Јас сум само едно човечко суштество коешто сака да знае дека е безбедно, дека е сакано заради тоа што е и дека сум добредојден на овој свет за да сакам и да да ме сакаат.

1.Запознајте ме

Еден од најубавите подароци кои ги имам откриено е присуството на човекот. Да ги слушаш другите луѓе и да им покажеш да ги гледаш, навистина да видиш кои се тие и што носат со себе. Ако посакувате да бидете запаметени, да поттикнете нежност и внимание од еден маж, потрудете се да го запознаете – видете го, слушнете го и покажете му дека го гледате. Сигурен сум дека ќе се изненадите од нивото на длабочина и нежност која мажите можат да ја носат со себе и која понекогаш ја кријат од светот затоа што не знаат како ќе бидат прифатени.

2. Уживајте во начинот на којшто се движам

Мажите уживаат кога го употребувааат телото за да направат нешто. Без оглед на тоа дали се работи за спорт, сечење дрва, качување на планина, ние се чувствуваме живи кога го користиме телото. Движете се заедно со мене, гледајте ме, уживајте во мене. Ставете ми до знаење дека ви се допаа. Кажете ми дека сум секси кога се движам и ќе ја поттикнете мојата страст.

3. Кажете ми што поттикнувам кај вас

Ако имате пеперутки во стомак кога сте со мене, ако вашето срце чука побрзо кога ќе ме видите, ако моето бакнување ве возбудува – КАЖЕТ Е МИ. Кажете како се чувствувате кога сте со мене и ќе се чувствувам поблизок до вас. Сакам да знам дека ви значам.

4. Следете ги моите чувства

Ќе има периоди кога светот ќе ме преплави и кога ќе се чувствувам неспособно и кога нешто ме повредува, мојот природен инстинкт е да сеповлечам. Уште како мали не учат нас мажите дека мора се сами да правиме, дека мораме да бидеме силни и самоуверени и никогаш да не покажуваме слабост. Па затоа, кога ќе ми биде тешко, јас ќе се повлечам и ако вие навистина се грижите за мене, тогаш не ме оставајте сам. Дојдете и видете ме, јавете ми се, проверете дали сум добро.

Не се изненадувајте доколку не сакам да зборувам. Тоа не значи дека сакам да си заминете. Само бидете тука за мене. Тоа нема да биде лесно, затоа ве молам бидете трпеливи. На крај ќе бидете наградени со мојата бескрајна лојалност. Мажите никогаш не забораваат кој бил покрај нив кога им било тешко.

5. Зборувајте со мене

Мажите и жените поинаку го гледаат светот, а тие различни погледи се прекрасна работа.

И затоа сакам да зборувам за најразлични работи со вас. Поставувајте прашања и дебатирајте со мене. Најверојатно тоа многу ќе ме возбуди. Тоа ее дел од мене и сакам да го споделам со вас.