Како да ја сакате жената која не верува никому?

Жената којашто не ја дава толку лесно својата доверба, слично се однесува кон сите, без оглед на тоа дали се работи за нови пријателства или нешто повеќе. Ако процени дека одреден однос може да се развие во нешто убаво, таа внимателно ќе се открива себе, дел по дел.

Начинот на кој се смее, своите необични и по малку чудни навики и на крај ќе ви ги открие своите драги спомени од детството. Таа ќе забележи се за тебе, начинот на кој ги третирате непознатите луѓе и ќе продолжи да го анализира вашиот однос и откако ќе го создадете.

Таа е жена која има неколку слоеви кои ги ставала на себе за да се заштити по сите падови кои ги доживеала. Поради нив се претворила во прекрасна школка, отфрлајќи ја својата чаура. 

Жената која не верува никому сака да биде сфатена и покрај својата затвореност. Таа знае дека токму таа затвореност е доволна причина некој да се откаже од неа. Таа делува дека е силна, независна жена, сигурна во себе и своите способности. Но, таа истовремено е жена која погрешно ќе ја разберете, етикетирајќи ја како жена која се плаши да се предаде, само затоа што не создава лесно врски со луѓето.

Поради неа можете да почувствувате и разочарување, затоа што таа е жена којашто не сака ништо од тебе, а сака да даде многу.

Таа ќе ти дозволи да и се приближиш, но не премногу, затоа што се плаши од претерана блискост. Таа чезнее за денот кога ќе се опушти во твоите раки, но и најмалата можност која укажува на тоа дека може да пати, ја тера да се повлече. Таа не ги носи изненадно таквите одлуки. Размислува за нив и ја анализира ситуацијата. Понекогаш таквите мисли ќе ја преплават до таа мера што нема да знае како да се извлече од нив и поради тоа ќе се повлече.

Жената која не верува никому знае дека има полно недостатоци и дека овој свет не мже да ја скрши туку така. Таа жали за времето кога била млада и исполнета со надеж.

Но, можеби вие ќе бидете тој кој ќе ја потсети какво е чувството повторно да се надева. Можеби вие ќе бидете тој пореди кој ќе поверува дека добрите и искрени луѓе се уште постојат на овој свет. Без оглед на тоа колку пати била скршена, верувајте дека жената која не верува никому не била секогаш толку тешка. И таа некогаш била како вас, способна безусловно да сака.

Жената која не верува никому, бавно учи како повторно да верува и да го прифати фактот дека болката може и најлошото да го претвори во нешто чисто и прекрасно.

Иако знае дека многумина ја изневериле, свесна е дека тоа не значи дека и вие тоа ќе го направите. Но, потребно е време за да ве запознае. Пријателството треба да се негува и да не се зема здраво за готово.

Во некој момент сите сме имале проблем со доверба. Понекогаш прифаќаме да останеме во улогата на оние кои некогаш дозволиле некој да им се приближи само за да ги скрши. Таа жена ќе остане во деструктивната улога за да спречи отворање на своите рани, но жената која не верува никому ќе се бори за да го пронајде својот пат, а на сите лоши денови ќе гледа како на лекции.

Да се сака жената која не им верува на мажите значи да се биде нежен кон неа. Морате често да ја уверувате, но и да ја разубедувате. Внимавајте на зборовите кои ги изговарате и нека не бидат празни зборови.

Покажете со дела.

Не земајте ја здраво за готово, особено во конфликтни ситуации. Охрабрете ја на отвореност и комуникација и бидете искрен со неа. Вложете во вашето заедничко време, не и го вадете минатото низ нос и бидете присутен, дури и кога не сте во можност физички да бидете со неа. Продолжете да се трудите околу неа, за да може со тек на време да се опушти и да ви верува. Но, во исто време очекувајте да ви возвати со поеднаков труд. Симбол на силните врски е взаемнат љубов и внимание.

И на крај, морате да бидете трпелив. Жената која не верува никому се уште знае како длабоко и верно да сака. Таа е жена која ќе ви даде се или ништо, а тоа „се“ е навистина вредно за чекање.