Како да ја „претворите“ зимата во удобно и среќно време?

Многумина навистина не ја сакаат зимата: ладно е, има магла, деновите се пократки, а луѓето се летаргични и преладени. Обично се затвораме во своите топли домови и физичките активности ги сведуваме на минимум, мразејќи ги ниските температури. Но, зошто да не ја прифатиме ситуацијата таква кава што е и да ја искористиме најдобро што можеме?

Зимата може да биде ладна и депресивна, но и магична и удобна. Со помош на овие совети можете да ја засакате уште денес.

Уживајте во омилениот топол напиток

Во текот на работниот ден стоплете се со некој природен чај, а потоа наградете се со вкусно топло чоколадо, кое лесно може да го направите и дома. Викнете го друштвото дома, испечете колачиња и уживајте!

Стоплете се

Стуткајте се под омиленото ќебе, читајте книги, гледајте телевизија. Ова можеби делува едноставно, но има нешто навистина смирувачко во мекото ќебе и удобните перници после напорен ден.

Читајте

Има луѓе кои читаат во текот на целата година, а другите повеќе читаат во текот на зимските месеци. Без оглед на тоа во која група припаѓате, зимата е одлично време за читање. Сместете се под некое ќебе. Удобно сместете се, зафатете ја вашата омилена позиција, направете си кафе и изгубете се во магичниот свет на книгите.

Излезете надвор

Излезете на прошетка, отидете на планина или посетете некое лизгалиште. Уживајте во „сонцето со заби“ и добијте доза витамин Д. Облечете се убаво, не заборавете да ставите капа и ракавици, но сепак излегувајте на свеж воздух колку е можно повеќе.

Запалете свеќи

Со оглед на тоа дека деновите се пократки, а ноќите подолги, внесете топлина во својот дом со помош на миризливи свеќи. Изгасете ги светлата, јадете под романтичната светлина на свеќите, опуштете се и уживајте.