Како да го научите мозокот да го гледа светот од позитивната и убавата страна?

Нашиот мозок не е создаден за создавање среќа, колку и да го сакаме тоа. Нашиот мозок еволуирал за да се осигури дека ќе преживееме. Тој ги чува „среќните хемикалии“ (како допаминот, серотонинот и окситоцинот) за моментите кога се бори за преживување, а ги ослободува на краток рок бидејќи брзо се метаболизираат. Тоа нѐ мотивира да продолжиме да преземаме чекори кои ќе го стимулираат отпуштањето на тие „среќни хемикалии“. Но, може да се случи и да завршите со многу „несреќни хемикалии“ во мозокот во потрагата за стимулирање на оние „среќните“, особено при крајот на стресниот работен ден. 

Сѐ низ негативна призма

Постојат неколку причина зошто нашиот мозок се фокусира на негативното. Професорката и авторка Лорена Бренинг пишува за ова во нејзината книга „Навики на среќниот мозок“. Мозокот еволуирал за да бара проблеми и е навистина вешт во нивното пронаоѓање кога ќе се насочи на тоа. Ние сме наследиле мозок кој им помагал на нашите претци навремено да ги забележуваат опасностите. Па затоа и ние сме вешти во тоа, дури и кога бараме награди. 

Кортизолот кој го преплавува организмот има своја цел кога станува збор за чисто преживување. Тој нѐ предупредува за пречката на патот кон задоволување на сопствените потреби за да можете да се насочите кон добрите чувства. Но, кога ќе  го направите тоа, мозокот ја пронаоѓа следната препрека и води кон непосакуван резултат: ќе се чувствувате прилично лошо ако само го следите својот мозок во тој негов шаблон и состојба само да се труди да преживее, без оглед на тоа каде ве води. Голема среќа е тоа што сепак е возможно да се ослободиме од таа „природна“ негативност. Како и секоја друга навика која вашиот мозок ја учи со повторување, ако често практикувате и „вежбате“ позитивни мисли, вашиот мозок ќе биде истрениран за да ги создава. 

Фокус на позитивното

Негативноста ќе ве проголта ако самите не изградите позитивен круг. За да го направите тоа, поминете една минута фокусирајќи се на позитивни работи, три пати дневно, во текот на 45 дена. Тоа ќе го истренира мозокот да го набљудува светот во позитивно светло, на истиот начин на кој научил да го бара негативното насекаде. Можеби мислите дека нема доволно позитивни работи околу вас. Но, не мора да станува збор за којзнае какви херојски работи за да создадете позитивност. Секој позитивен резултат, дури и да се работи за ситница, ќе го изгради патот кој бара и очекува позитивни резултати. Можеби ви изгледа префорсирано да се бараат позитивни работи кога негативните се толку очигледни, но благодарејќи на еволуцијата, вашата сегашна призма е неисправна и потребна ѝ е поправка. 

Кога го градите тој круг на позитивност, потпрете се на сопствените заложби и реалистичните очекувања. Личниот ангажман носи задоволство во изборот на следниот чекор. Иако не можете да ги предвидите резултатите, секогаш можете да го одберете следниот чекор кој ве води кон задоволување на потребите. Реалистичните очекувања се алтернативите кои ги создавате кога вашето тело е преплавено од кортизол. Иако природно е да се чувствувате лошо кога вашиот труд не носи непосредни видливи награди, може да се потсетите дека вашиот опстанок всушност не е загрозен. 

Повеќето човечки постигнувања се резултат на труд и напори кои не секогаш носеле видливи награди. Кога вашите резултати не се онакви какви што би сакале, прилагодете ги вашите очекувања и направете го следниот чекор. Реалистичните очекувања водат кон лично делување: со тоа самите ќе ги стимулирате „среќните хемикалии намест ода се надевате дека светот ќе ги стимулира наместо вас.