Како да ги избегнете настинките и грипот во текот на зимата?

Веројатно сте слушнале дека телото кое има баланс на пх вредностите е здраво тело. Се смета дека најдобро е тие да бидат во границата меѓу 7.35 и 7.45. Но, како да го постигнеме тоа?

Пх вредностите во нашето тело во голема мера зависат од тоа што го јадеме, но и од квалитетот на нашето живеење (стрес, физичка активност). Зачувувањето на баланс во пх вредностите значи да се има алкално тело со ниска киселост, кое штити од заболувања, бактерии и вируси.

Но, како да го постигнеме тоа?

Започнете го денот со лимонова вода

Киселоста на организмот која е главниот предизвикувач на болести за почеток може да се елинимира со започнувањето на денот со комбинација на сок од половина лимон измешан со 2 лажици мед и 1 чаша топла вода. Потрудете се ова да е првото нешто што го конзумирате наутро.

Конзумирајте 5 различни бои на овошје и зеленчук во текот на денот

Зелена, жолта, портокалова, црвена, кафена -  тоа се боите кои треба да ги комбинирате во текот на денот при конзумирањето на овошјето и зеленчукот. Тие имаат моќ  да ја одржат солидната пх вредност во нашето тело. Највеќе се препорачува зелениот зеленчук кој е одличен извор на алкални минерали, како калциум. Во однос на овошјето се препорачуваат лимони, смокви, манго, лубеница, праски, крушки, јаболка, малини, боровинки и тн.

Пијте многу вода

На нашиот организам му е потребно многу вода за да ги исфрли токсините. Но, колку вода е доволно? Иако нутриционистите препорачуваат 8 чаши, потребно е да го анализирате вашето тело. Тоа ви дава знак колку вода ви е потребно во текот на денот.  Понекогаш додадете и 1 лажица сода бикарбона, за да го забрзате алкализирачкиот процес.

Обидувајте се да ги избегнувате шеќерот и солта

Нешто што има најголемо влијание на киселоста во нашиот организам е шеќерот. Затоа, обидете се да го избегнувате што е можно почесто.  Преработената сол е многу ацидна и затоа се препорачува да конзумирате морска сол или хималајска сол. Тие се поалкални, бидејќи содржат многу минерали. Исто така, можете да користите замена како билки, зачини, лимон, балсамико оцет.

Конзумирајте свежа храна

Иако не секогаш можете да конзумирате свежа храна за секој оброк, обидете се да додадете свежа храна, односно салата. Додадете спанаќ на вашиот сендвич или пак семки во вашиот пијадок.

Користете сода бикарбона и јаболков оцет

Огромна е моќта на содата и јаболковиот оцет во алкализирањето на организмот. Се препорачува 1 лажица сода бикарбона во чаша вода (но, избегнувајте го ова доколку имате висок крвен притисок) или пак 3 лажици јаболков оцет во чаша вода.

Помалку стрес, повеќе физички активности

Веројатно знаете веќе дека стресот е најголемиот непријател на нашето здравје. Стресот и депресијата предизвикуваат различни заболувања. Физичката активност игра огромна улога во намалување на стресот и отстранување на ацидните токсини од нашето тело. Дури и прошетката во природа има моќ да помогне во тоа.