Како да бидеш понежна кон себеси?

Наутро кога ќе станеш, биди нежна кон себеси. Обиди се да го најдеш оној зачин, нешто како цимет, кој ќе го ставиш на себе. Затоа што светот е суров, ќе истури пепел врз тебе додека да трепнеш. Додека одиш на работа не размислувај за тоа што не си направила и каде си погрешила. Размислувај за она за коешто навистина добро си го направила. За некој супер разговор со некоја супер личност. За што и да било, колку и да е малечко, само да е убаво. 

Има убави работи. Има луѓе кои секако ќе те потсетат на грешките. Додека си на работа, не губи за да ги претркаш сите. Не сме сите родени да бидеме прваци, светот е полн со прекрасни луѓе кои имаат бронзени медали, некои сребрени, а некои и воопшто немаат медали. Дури и најдобрите не се секогаш најдобри. Наместо да се фокусираш на тие однапред изгубени трки, најди нешто свое и гледај да се победиш себеси, а не другите. 

Кога ќе дојдеш дома, без оглед на тоа дали некој те чека или не, немој да трчаш, немој да брзаш, немој да леташ. Џвакај, прегрнувај, сослушај, излези, лежи, седи. Ниту една куќа не се срушила заради прашина, никој не умрел од ручек без супа, а сите растеле од прегратки. Најди време за себеси. Времето за себе не е секогаш време кога си сама. Може да биде време поминато со детето, партнерот, со други луѓе, време кое бавно проаѓа, време кое пребрзо проаѓа, тоа може да биде какво било време – само нека биде време кога не мораш да правиш ништо. Време кое ти годи. 

Пред да легнеш, погледни се во огледало, помилувај ги твоите подочњаци, збогувај се со твојот тажен поглед и легни си. Знаеш и сама дека кога ќе легнеш ќе те стигне она што спие додека си будна. Па барем дочекај го тоа со стил. 

Не мораш секој ден да бидеш среќна. Не мораш секој ден да бидеш најдобра. 

Не мораш секој ден да бидеш на некое ниво, особено на туѓо ниво. 

Не можеш секој ден да бидеш најдобра мајка, сопруга, пријателка, ќерка, што и да е.

Не мораш секој ден да имаш разбирање за сите.

Не мораш секој ден да блескаш.

Те излажале. Нежноста не значи секогаш да бидеш добро според нивните мерила.

Нежност е и кога знаеш дека не си добро и уште повеќе кога знаеш дека ќе бидеш добро. 

Затоа што ќе бидеш.