ЈСП со соопштение: Неколку автобуски линии со сменети траси

Автобуските линии на ЈСП со броевите 9, 16 и 24 од денес имаат променети траси на движење.

Од претпријатието информираат дека трасите се сменети поради изведување на градежни активности на бул. Кочо Рацин.

– Поради непроодност на дел од трасата, линија 16  (Во насока кон Пржино) после постојка „Жена Парк“ наместо кон “постојкaта Зелен Пазар“, возилата ќе сообраќаат кон „Рекорд-Европски Универзитет- Јордан Мијалков“ и по траса, во обратна насока возилата се движат по своите редовни траси

– Поради непроодност на дел од трасата, линијата 24 (Во насока кон Кисела Вода) после постојка „Зелен Пазар“  продолжуваат по траса на линија 58 (односно кон Рампа- Кисела вода и кон Расадник) и од постојката „Дом на слепи кон Сопште продолжуваат по својата траса, во обратна насока возилата се движат по својата редовна траса

– Линија 9 од Скопје Север кон Клинички центар од Југодрво е пренасочена десно кон Зелен пазар, Рекорд, Европски универзитет и по траса до Клинички центар, во обратна насока возилата се движат по редовната траса