Јогатон во Градскиот парк во Скопје

Во чекор со големите метрополи ширум светот, Македонија на 10-ти мај ќе биде домаќин на најмасовното излегување на сите љубители на Јогата. За прв пат, јогините ќе имаат можност да присуствуваат на најголемиот Јогатон во Градскиот парк во Скопје.

Јогата како древна дисциплина стара повеќе од 5.000 илјади години се повеќе и повеќе се практикува во земјите ширум светот. Имено, на 21 јуни оваа дисциплина ќе го прослави и третиот роденден откако официјално доби и свој интернационален ден. На овој ден, јогините ширум светот масовно излегуваат и практикуваат јога на необични локации.

Овој пат, најмасовниот јогатон до сега, ќе се одржи на 10ти мај, во Градскиот Парк во Скопје -Школака, во18:00 часот со Свами Ваишампајан кој ни доаѓа од Индија.

Свами Ваишампајан е исклучителна личност која со својот ентузијазам и хумор на инспиративен начин умее да ја сподели мудроста на древната традиција на јогата и медитацијата и тоа во контекст на модерниот начин на живеење.Свами Ваишампајан е искусен и светски признаен учител за медитација и јога од фондација The Art of Living, а во Европа ги има пренесено стрес менаџмент техниките во преку десетина земји.

Во мај Македонија ја има честа да биде негов домаќин, а централниот настан е Happiness семинарот (12-14 мај) - настан кој не се пропушта.

Сите јогини и љубители на јогата се добредојдени да го проследат овој настан во организација на невладината фондација „The Art of Living” Македонија, да се дружат и да уживаат во музиката и во мудростите кои ќе бидат споделени.