Jeremy Underground се извини: поради настинка не доаѓам во Скопје

Диџејот кој што го направи хаос во европските клубови со забави исполнети со вистинска клубска музика,  вечерва требеша да настапи со свој сет во ноќниот клуб Станица 26. Но, поради здравствени причини тој на својот профил објави најава и извинување дека вечерва нема да може да биде во Скопје.

Истовремено, на фејсбук страната на Станица 26 беше објавено дека веќе во понеделник ќе знае новата дата на неговото гостување. 

Како замена за одличните звуци на еден од најдобрите диџеи во Европа, вечера зад миксетата ќе застанат Flooder и Андреј Миџајков. Сигурни сме дека замената ќе биде одлична и ова ќе биде уште една забава која не треба да се пропушти.