Сакам да знаеш дека секогаш те следам и поддржувам. Сакам да знаеш дека сум покрај тебе во секој момент. Кога ќе паднеш, ти помагам да станеш, а кога си на врвот, се радувам на твојот успех.
Кога ќе се откажеш од себеси, се откажуваш и од мене. Затоа што јас сум ти, а ти си јас. Ние сме едно. Кога не веруваш во себеси, не веруваш ниту во мене. И тогаш знам дека ти е тешко да чекориш напред.
Но, дури и тогаш треба да знаеш дека сум тука за тебе. И никогаш нема да се откажам од тебе. И кога ти е најтешко, ќе ти шепотам зборови полни со подршка. И кога мислиш дека повеќе не можеш да продолжиш понатаму, ќе ти дадам сила и охрабрување. Тука сум. И кога мислиш дека не сум.
Тука сум околу тебе и во тебе, само дозволи си да ме слушнеш и почувствуваш. Ќе ти помогнам да го совладаш немирното море и да ја почувствуваш радоста на сегашниот момент. Само дозволи си да ме слушнеш.
Заедно сме посилни. Со водство на твојот внатрешен глас, ќе добиеш повеќе сила. И тогаш не размислувај како и зошто. Само направи го тоа. И препушти се.
Имај верба. Сѐ ќе биде добро. И навистина е добро.
Тука сум, ти праќам љубов и вечна поддршка. Ти си дел од мене, а јас сум дел од тебе. Твојот успех е и моја радост. Оди и радувај се. Овој живот е мој подарок за тебе. Уживај во него, безгрижно и радосно.
И запомни. Јас те чувам.