Јапонски концепт кој може да ви помогне да ја најдете смислата на животот

Тешко е човек да најде добра работа, а замислете колку е тешко да ја пронајдеме смислата на животот. Време да промениме нешто во нашите животи.

Јапонскиот концепт „Икигаи“ може да ви помогне да размислите за работите кои ви го подигнуваат духот. Поентата е да знаете кои прашања треба да си ги поставите самите на себе.

Според едно истражување од 2016 година, кога човек има чувство дека ја пронашол своја цел и дека неговиот живот има смисла, тоа води кон повисока заработувачка и подобро здравје. Но, да, полесно е да кажеш, отколку навистина да си го најдеш вистинскиот повик и смисла во животот. Но, постои еден јапонски концепт кој се нарекува „икигаи“, а кој може да ви помогне да го пронајдете она што ви недостасува. Иако нема директен превод, се верува дека е комбинација од јапонските зборови „икиру“ што значи „да живееш“ и „каи“ што значи „осознавањето на кое човек се надевал“. Според различни извори, овој концепт станува популарен и надвор од границите на Јапонија и се смета како одличен начин за човек да живее подолго и подобро.

Живот со смисла

Еве еден начин како да почнете да размислувате за вашето „икигаи“. Се наоѓа на крстосницата на 4-те прашања кои можете да ги најдете подолу. Ако можете да најдете една работа која може да ги одговори сите 4 прашања, тогаш најверојатно сте на добар почеток. Како што луѓето се менуваат со годините и други околности, имајте на ум дека и вашето икигаи може да се промени. За да започнете со потрагата по тоа како да додадете смисла и вредност во вашиот живот, одговорете ги овие прашања:

Што сакате?

Кои се вашите таленти, за што сте способни?

Што можете да му понудите на светот, што треба светот да добие од вас?

За што можете да бидете платени?

Ако може да најдете заедничка точка помеѓу овие 4 прашања, тогаш сте го нашле својот повик. Направете го тоа и вашиот живот ќе стане прекрасно и хармонично место.