„Јано мори“ одекна на Матка - Дренковски традиционално на капење во Треска (фото)

Јаков Дренковски, македонскиот урбан трубадур и музичар што ги потпиша Скитник, Сеќавање на првата љубов, Темен ерос, Порочна си оди си!, Полноќен каубој..., и годинава, на Свети Наум Чудотворецот, точно напладне влезе во студените води на реката Треска.

Со Јано мори!, неговата и наша, македонска песна, и им ја честиташе Новата година и престојните божиќни празници на своите пријатели, на сите добронамерници што и овојпат дојдоа на Матка.

Фото: Скопјеинфо