Ја добива ли Ѓорче Петров најголемата дива депонија во Скопје?

Жителите на Ѓорче Петров бараат спас од дивата депонија кај Ново Село која со години наназад претставува еколошка бомба која се заканува на целиот град. Тука секако е и пречистителната станица за отпадни води од која во вечерните часови се шири непријатна миризба која говори за тоа како работи самата станица која се најавуваше како последен крик на технологијата која нема да загадува ниту почва ниту вода. 

- Депонијата во Ново Село. Може да биде конкуренција и на градската депонија Дрисла бидејќи ѓубре, мрша, шут и кабаст отпад има може и со стотици тони.
Често овој отпад се пали и се шири неподнослива реа која се шири накај Волково, Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука и долж Лепенец се до Карпош.
Поради тешко пристапниот терен противпожарните возила не можат да пристапат до жариштата на пожарите и граѓаните се осудени на неколкудневен пекол од чадот кој што се шири.
Зошто ништо никој не превзема за ова да се спречи ?
Градоначалниците и надлежните молчат и се молат сончевото време да потрае уште малку за да куртулат од критиките.
Еден облачен ден е доволен за сиот овој чад да остане под облаците и повторно мерните станици да рушат рекорди на загаденост.
Загрижени читатели ни испратија фотографии дека возилата на општината Ѓорче Петров, како некој што е надлежен да се грижи за ова, наместо да го чистат и средуваат овој хаос и тие истураат тука шут и ѓубре.
Здравјето на граѓаните е пред се, ама не за секого.
Да беше ова земјиште атрактивно за згради и деловни објекти оваа депонија веднаш ќе беше одстранета.
Па еве, само да се спасиме, го даваме и тој предлог, веќе Ви е интересен, нели надлежни ? -  стои во реакцијата на фејзбук страницата Ѓорче Петров.