Изложба „Учителот и неговите ученици“ во МКЦ

Во чест на седумдесет и седмата годишнина од раѓањето на еден од најважните македонски сликари, Владимир Георгиевски, утре во 20:00 часот, во галеријата на МКЦ ќе се отвори заедничка изложба на дела на Георгиевски и на шест негови поранешни ученици, а сега активни творци во областа на визуелните уметности: Никола Пијанманов, Наташа Милованчев, Наташа Божарова, Марија Панчевска Маринчиќ, Ана Андроска и Марина Убавкова.

Изложбата го истражува влијанието што учителот го втиснал во творештвото на неговите ученици, како и особеностите што учениците ги развиле независно, во текот на нивниот творечки век.

Двонасочната размена на лични убедувања, ставови и однос кон вештините на занаетот ќе биде прикажана преку сопоставување на делата на Георгиевски со делата на останатите учесници. Ваквата размена отсекогаш била призма низ која најјасно се воочува суштината на односот помеѓу учителот и неговите ученици.

Повеќе за овој настан прочитајте на следниот линк.