Изложба по повод 25 години од монетарното осамостојување на Македонија

Во Ликовната галерија на НЛБ банка АД Скопје вечер ќе биде отворена изложба по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија.

Изложбата е организирана од Народната банка на Република Македонија во соработка со Народниот музеј на Словенија и ќе ја отворат гувернерот на НБРМ Димитар Богов и амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.