Изложба на Никола Радуловиќ во МСУ - „Система“

Во Музејот на современата уметност (МСУ) вечер од 21 часот ќе биде отворена изложбата „Система“ на Никола Радуловиќ, добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници која му ја додели МСУ.

-„Система – Book of Sclavin 2.0“ е вториот дел од книгата „Book of Sclavin“ – серијал на анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра „Генеза“ ја формираат трилогијата „Book of Sclavin“, вели авторот. „Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и играта сложувалка во изложбениот простор. Куратор на изложбата е Бојана Јанева-Шемова.За посетители ќе биде отворена до 8 декември.