Изложба на герила акции вечерва во паркот на Франкофонијата

Во монтажна галерија поставена во паркот на Франкофонијата, вечерва со почеток од 21 часот ќе биде отворена изложбата на герила акциите кои минатава година беа спроведени во Скопје.

„Ајкулите во Вардар“, „Дрвјата со очи“, „Споменикот на дијазапамот“ и други герила акции кои ги отсликуваа секојдневните локални и социјални проблеми, вечерва ќе можат да се видат во паркот на Франкофонијата. Изложбата ќе прикаже 30-тина фотографии направени за време на поставувањето на инсталациите. Идејата на изложбата е да го промовира и популаризира овој вид на комуникација и манифестација на проблемите. На изложбата ќе бидат изложени и работни цртежи и материјали, како и документација како се правени, тестирани и поставувани некои од интервенциите.

Урбаните акции се базираат на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на проблемите, тие претставуваат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците, со архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на проблемите