Изложба „Москва Денес“ во Музејот на Град Скопје

Градот Скопје и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија Ве покануваат на отворањето на изложбата „Москва Денес“ кое е закажано за 30.01.2018 година во 19 часот во Музејот на Град Скопје.


Изложбата, којашто се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. На неа ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.